Лесковачка мучкалица
Вистинска лесковачка...
- Месото исечете го на подебели шницли, потоа на коцки, посипете со сув зеленчук, наредете на ражнич, испечете ги, истото направете го и со меснатата свежа сланина. Тргнете настрана.
- Исечете го кромидот на ситно, ставете во тавка на масло да се пржи подлевајки го повремено со вода, се додека сосема на омекне.
- Доматите исечкани додадете кај кромидот, исто така и испечените исецкани пиперки. Додадете го и лутото пиперче и лукот кој сте го веќе исецкале. Нека се пржи на тивко додека не се изедначи смесата односно стане компактна, густа. Во овој момент додадете го веќе испеченото месо. Нека продолжи заедно на тивко да се крчка се додека не забележите дека течноста испарила, а сосема малку маслото почнало да излегува.
- Посолете на вкус.
- Кога е готово посипете го буковецот и сецкан магдонос.
Ова е мнооогу вкусно макало ако го послужите со тазе печена погача или домашно лепче.
Ќе ви е слатко, знам!
Совет
- Денеска кај мене е правена мучкалицата со остаток на скара од вчерашниот ден. Месото наместо да го печете на скара, слободно спремете го на Грил тавата иако по правило права мучкалица се спрема со месо мешано печено на скара спремано за ражничи.
- Кој не сака луто нека не стави, но токму пикантноста ја прави да е онаа виистинската мучкалица.
- Лук ќе ви се чини многу, но не е. Ако не го обожавате намалете ја количината.
- Мучкалицата можете откако ќе го додадете месото да ја ставите во гувече и во рерна да се испече, но јас тоа го правам во тава на рингла.
- Не ставив сланина бидејки навистина од вратот месото што го имав беше доволно мрсно, а немав свежа сланина, ако ставев деимена ќе немаше да биде мучкалица, туку некое сосема јадење со друг вкус кој овде баш и не би ми се допаднал.
Лиценца: Сите права се задржани
Имам пробано немам правено а Лиле многу ми се допага твојава презентација ја сум за лута комбинација;)