1. Во поголем сад се ставаат брашното,и сите зачини кои ги сакате и сето тоа добро се соединува.
2. Компирите се лупат се сечат на тенки кругови, се валкаат во брашното од двете страни и се редат во огноотпорен сад подмачкан со масло.
3. На тиквичките им се сечат краевите се сечат на тенки кругови и тие се провалкуваат во брашното од двете страни(за еден ред од тиквички е потребно една ипол тиквичка)
4. Преку тиквичките ставаме од сирењето или урдата па малку бибер и веѓета па домат исечкан на коцки и преку него исечканите магдонос и нане и на крај секаде по малку се става од исечканото лукче.
5. На крај се завршува со остатокот од тиквички извалкани во брашно.
6. Добро се залива со маслиново масло се покрива со фолија и добро се затвара од сите страни.
7. Се пече во загреана рерна на 200 Ц. 1 час.потоа се открива и се пече додека благо не порумени.

Многу вкусен и лесен ручек и се служи со големи количини свежа салата или јогурт Ч))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови