6
мар
2015
Мусака со пилешки стек
Стекот ставете го во посолена вода и сварете го.
Компирите излупете ги и исецкајте ги. Зачинете ги по желба, јас им ставив само сол, мешан сув зачин, масло за јадење и нека стојат додека се свари стекот.
Откако стекот ќе биде сварен исецкајте го на ситни парчиња.
Во тепсија наредете пола од компирите, па исецканиот стек, па другата половина компири и налејте малку водичка. Ставете ја мусаката да се пече и при крај посипете ги врз мусаката јајцата изматкани.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови