Испечати

Мусака со пилешки стек

Мусака со пилешки стек

Состојки

  • 1/2 пилешки стек
  • 1-2 кг компир
  • 4 јајца
  • зачини по желба сол, бибер, мешан сув зачин

Подготовка

Стекот ставете го во посолена вода и сварете го.
Компирите излупете ги и исецкајте ги. Зачинете ги по желба, јас им ставив само сол, мешан сув зачин,  масло за јадење и нека стојат додека се свари стекот.
Откако стекот ќе биде сварен исецкајте го на ситни парчиња.
Во тепсија наредете пола од компирите, па исецканиот стек, па другата половина компири и налејте малку водичка. Ставете ја мусаката да се пече и при крај посипете ги врз мусаката јајцата изматкани.