Се варат компирите и од нив се прави пире. Модрите патлиџани се лупат сечат на ленти, посолуваат и се оставаат на страна. Откако ќе пуштат вода се цедат и се пржат. Потоа се редат во тавче така да пола во тавчето пола да висат нанадвор, и во средината исто наредете модар патлиџан.
Месото пилешко се вари и се сецка.
Кога се ќе биде спремно се редат модриот патлиџан, пирето пола, сецканото пилешко месо, кашкавалот, па повторно пирето, посолете и зачинете по ваша желба, а на крај покријте одозгора со модриот патлиџан што висат преку филот и доредете од останатиот модар патлиџан.
Сега ставете да се потпече на 200 С околу 20 мин.

Посебно изматете ги 2 јајца со хоплата и полијте ја мусаката, вратете да се допече т.е.да поцрвене. Кога е готово оставете да се олади и уживајте. На крај засладете се со парче ладна лубеница.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови