Мусака од модар патлиџан и пилешко
Се варат компирите и од нив се прави пире. Модрите патлиџани се лупат сечат на ленти, посолуваат и се оставаат на страна. Откако ќе пуштат вода се цедат и се пржат. Потоа се редат во тавче така да пола во тавчето пола да висат нанадвор, и во средината исто наредете модар патлиџан.
Месото пилешко се вари и се сецка.
Кога се ќе биде спремно се редат модриот патлиџан, пирето пола, сецканото пилешко месо, кашкавалот, па повторно пирето, посолете и зачинете по ваша желба, а на крај покријте одозгора со модриот патлиџан што висат преку филот и доредете од останатиот модар патлиџан.
Сега ставете да се потпече на 200 С околу 20 мин.
Посебно изматете ги 2 јајца со хоплата и полијте ја мусаката, вратете да се допече т.е.да поцрвене. Кога е готово оставете да се олади и уживајте. На крај засладете се со парче ладна лубеница.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
и сфаќам дека имаме многу исти работи, делимано, тавче и на крај најдоброто чаршавче - кое ти погрешно го користиш, треба да е завеса :) :) :) :)
жалам што не се ни потрудив да направам саламна фотка.
„домаќинката“, тавата во рерна ја стави и истиот момент снемува струја. „домаќинката“ заминува до комшискиот двор да побара една кофа струја на заем и останува таму да пие кафе. во мегувреме струјата се враќа брзо и „фамозната домаќинка“ ја вади тавата одозгора исто како со црни домати да била а не со тиквички :))))
не сметаше тоа, ама воопшто. си го лупевме горниот слој и уживавме во мусаката ;) следниот пат „домаќинката“ ќе ја врзат до споретот со кофа струја во резерва :)))
иако не е кој знае што, ферски е каква-таква да ја приложам како доказ