Мојата рустична пита со богат фил од праз и младо сирење
Подготовка:
1. Прво на загреана маст и масло го пржиме ситно сецканиот праз. Тргаме од оган, додаваме сол, бибер. Нека излади, па го додаваме јајцето.
2. Во друг сад ги соединуваме младото сирење и јајцето. Зачинуваме по вкус.
3. Сега го подготвуваме тестото. Во млаката вода го ставаме квасецот, шеќерот, лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира. Потоа во вангличка се ставаат јогуртот, солта, половината јајце, мастта, промешуваме. Постепено додаваме брашно и замесуваме средно меко тесто.
Го покриваме и оставаме да се дуплира.
4. Потоа расучуваме голема округла кора. На 2,3цм од работ го распоредуваме филот со праз, во круг.
Тестото го внесуваме навнатре, го покриваме празот. Со помош на хартијата ја пренесуваме питата во тавата во која ќе ја печиме. Средината ја исполнуваме со вториот фил. Ставаме суви шери домати.
Ја премачкуваме со половината јајце, соединети со млекото. Наросуваме ким. Оставаме на топло да отстои 20 минути. За тоа време ја загреваме рерната.
5. Печиме околу 30 минути, убаво да зарумени. Испечена ја оставаме на кујнска решетка да се подизлади. Сервираме парче рустична пита со чаша јогурт.
На здравје убавинава.
Лиценца: Сите права се задржани
So momentalna inspiracija ja podgotviv.
Prevkusna bese
Prevkusna bese