11
окт
2013
Мини пици од модар патлиџан
Рерната загрејте ја на 200 степени.
На еден плех ставете хартија за печење.
Кашкавалот и шунката исечете ги на мали коцки.
Модриот патлиџан исечете го на кругови дебели околу 1 - 1,5 цм и наредете ги во плехот. Малку посолете ги и попрскајте ги со маслиново масло. Ставете ги да се печат 20 минути и потоа извадете ги од рерната.
Секое парче намачкајте го со по една лажица доматно пире, наредете од кашкавалот и шунката и посипете ги со оригано.
Вратете ги во рената да се допечат некои 7-8 минути колку да се растопи кашкавалот.
Послужете ги топли.
Лиценца: Сите права се задржани