Оваа торта е вистинско уживање за љубителите на кремасти торти. Овојпат ја направив во големина на ролат, со смалени количини на состојките, прилагодени за оваа големина.

Подготовка на филот -
1. Најпрво започнуваме со подготовка на филот. Во поголем сад ги ставаме жолчките, шеќерот, брашното, пудингот и дел од млекото, и со жица за матење убаво ја изработуваме смесата. Останатиот дел од млекото го ставаме во тенџере да зоврие, па ја додаваме смесата со жолчки и со постојано промешување го вариме кремот до добивање на густ крем.

2. Веднаш го делиме овој фил во два сада, во едниот го додаваме белото чоколадо (рендано) и мешаме да се растопи, а во другиот дел го додаваме црното чоколадо. Ги покриваме двата сада со стреч фолија и ги оставаме да се изладат.

3. Откога ќе се изладат, во двата дела додаваме по пола од наведената количина на путер (претходно измиксиран) и миксираме до хомогенизирање. Додаваме и по пола од мелените плазма бисквити, убаво соединуваме. Филот е спремен. За филувањето ќе ни треба уште 250 мл слатка павлака, која ја матиме до згуснување.
Подготовка на пандишпанот -
4. Ги миксираме белките со постепено додавање на шеќерот до згуснување. Ги додаваме лешниците и брашното претходно соединети, мешаме со шпатула. Смесата ја истураме во правоаголен плех врз хартија за печење. Израмнуваме убаво и печеме околу 20 минути во загреана рерна на 180 степени (проверуваме со чачкалица). Печениот пандишпан го вадиме од плехот, нека олади, па ја отстрануваме хартијата и го сечеме на 3 ленти.
Филување на тортата -
5. Пандишпан, црн фил, жолт фил, слатка павлака
- Пандишпан, црн фил, жолт фил, слатка павлака
- Пандишпан, црн фил, жолт фил, слатка павлака

Декорираме со останатите 250 мл слатка павлака.

На здравје!

*Забелешка - За побрза припрема, додека се ладат двата фила, тогаш започнете со подготовката на пандишпанот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани