За мене една од најубавите торти, а верувам и на многумина, сега како колач со сладок компот од вишни од тегла.

Измешајте го брашното со пецивото и шеќерот.
Додадете го маргатинот на ситни парчиња и истријте низ рацете да се соедини.
Потоа додадете го јајцето, замесете и додадете лажица до две млеко за да се поврзи тестото кое треба да биди глатко средно тврдо.

Намастете тава 20х30 (ако не ви е нелеплива можи да ја набрашните) и истапкајте го тестото со раце рамномерно насекаде по дното.

Од млекото, шеќерот и прашоците за пудинг сварете пудинг крем.
Кога е готов, тргнете го од рингла и во него измешјте ја киселата павлака.
Жешкиот фил истурете го врз свежото тесто (подлогата) и врз него распоредете ги вишните од компотот претходно исцедени.
Печете на 175 степени околу половина час.

Измешајте ги течностите за преливот со шеќерот. Во дел од течноста растворете ги преливите за торта, а остатокот загрејте го до вриење.
Тргнете го на страна и во него вмешајте ги растворените преливи.
Истурете го припременото прелив-желе врџ топлиот печен колач и оставете да се здрви.
Потоа исечете на коцки и уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови