Чоколадни коцки со вишни
Оваа доза за колачот јас ја правев дупла и ја печев во плехот од шпоретот, а една доза е за плех бр. 40.
Во длабок сад се мешаат сите состојки за тестото/јогуртот, шеќерот, брашното, какаото, содата, маслото и јајцето/се додека не се добие хомогена маса.
Плехот од шпоретот, подлабокиот се премачкува и се прекрива со пек-папир, па се тура смесата и се изедначува.
Се пече во загреана рерна /обично на 180-200 степени Ц/ околу 30-40 мин. Се проверува со убод со чачкалица, ако чачкалицата остане чиста, тестото е печено.
Се остава да се излади.
Изладеното тесто се дели на пола вертикално. а и хоризонтални,така што се добиваат 4 теста.
Чоколадото /200гр/ се топи заедно со слатката павлака/200мл/. Смесата ќе ви се види ретка, но во него се издробува едно од тестата уште топло.
На садот во кој ќе биде колачот/пожелно е садот да биде малку подлабок/се става едно од тестата и се попрскува со сокот од слаткото од вишни. Врз него се става филот од слатката павлака со чоколадото и издробеното тесто/ово фил е доста густ и така треба да биде, налик на тесто/. Врз него се стаба другото тесто и тоа се попрскува со сок од слаткото.
Шлаг кремот се мати со млекото што поцврст/јас намалувам дел од млекото/.
Врз втората кора се редат вишните од слаткото, не треба да се исцедени од слаткото, а врз нив се става шлаг кремот. Се остава дел од кремот за декорација на колачот.
Се став третата кора и таа се попрскува со сок од слаткото.
Останатото чоколадо/150гр/ се топи со слатката павлака/100мл/ и додека е топло се мати со миксер се додека се направи како пена па се прелива колачот. Се остава да се стегне .
Изладениот колач се сече на коцки, па секоја коцка се украсува кремот и со една вишна на секоја коцка.
Лиценца: Сите права се задржани