Припрема
Најпрво се бијат јајцата со шеќерот, па се додава мекиот маргарин, пецивото, ванилата и брашното. Сето ова се меси со рака. Потоа тестото се плеска со рака во плех (30 х 24). Врз него се премачкува со 5 лажици мармалад (од сливи).
Потоа се става кремот, а кремот се подготвува на следниот начин:
Во тенџере се ставаат маргаринот, шеќерот, млекото, ванилата и сето тоа се вари на тивко 5 минути. Потоа му се додаваат сечканите лешници и вака подготвениот течен крем се става врз мармаладот и тестото.
Се печи во загреана рерна на 180 степени 20 минути.
Врз печениот колач се прелива со глазура.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани