Екстра чоколаден колач со лешници
За љубителите на чоколадо ова е вистинскиот колач.
Мек, сочен, се топи во уста.
Во сад ставете ја киселата павлака, маскарпонето и шеќерот во прав.
Со шпатула убаво соединете ги.
Додајте го растопеното на пареа чоколадо и мешајте додека се соедини и чоколадото.
Додајте го и маслото.
Во друг сад измешајте ги брашното и содата и нив постепено додавајте ги во претходната смеса.
На крај додајте ги тостираните сецкани лечници.
(Јас ги тостирав на 150 степени, 10 минути, ама може да си ги купите и готови тостирани, па поминете ги во кујнски сецко).
Измешајте ја убаво смесата и претурете ја во правоаголен плех обложен со хартија.
Печете на 200 степени, 30 минути.
После 25 минути печење ви препорачувам да си проверувате со чепкалка.
Испечниот колач оставете го убаво да се олади, а потоа извадете го од плехот и превртете го.
Во сад измешајте 100гр. кисела павлака и 100гр. црно растопено чоколадо.
Со овој крем премачкајте го колачот.
Крема со текстура на кал
Ова така да ја наречам крема беше мој експеримент.
Сакав да добијам крема која нема да биде мазна туку текстурата да и биде нешто слично на кал, затоа така и ја нареков.
Најпрвин и не знаев како да ја добијам, ама се сетив на желатинот кој сврши одлична работа со ладното млеко.
Во касерола ставете ги двата вида чоколадо, путерот, шеќерот во прав и млекото.
Оставете да се растопат на тивок оган
Ке добиете течна смеса како за глазура.
Во оваа смеса додека е уште топла додајте го желатинот претходно омекнат 10 минути во ладна вода.
Мешајте додека желатинот се раствори.
Оставете да се олади на собна температура, а потоа ставете во фрижидер.
За брзо време ке се стегне и тоа баш она убаво стегнато.
Со постепено додавање на ладно млеко мешајте и на тој начин ќе го добиете крајниот резултат како на сликата.
Значи разредете ја смесата до степен да може да ја ставите во шприц.
Ако не сакате да си ги комплицирате работите, тогаш кремата направете си ја класично мазна, со тоа што на пареа ќе ги растопите чоколадата, шеќерот во прав и млекото.
Путерот ке го изматите посебно и потоа ќе соединете.
Ако ви изгледа малку путер може да си додадете уште за покремасто да ви биде.
Колачот исечете го на коцки со големина по желба и со шптиц врз секоја коцка ставете од кремата.