27
мар
2015
Мешани ќебапи
Во загреана посолена вода ги ставаме соја трошките да се сварат околу 15 минути. Ги цедиме убаво и така исцедени ги помешуваме со меленото месо.
Додаваме ситно сецкана чили пипирка и зачинуваме со ситно мелено семе од ким, коријандер, мелен црн бибер, мепан сув зачин. Кршиме јајце и месиме тесто. Од смесата која ја добивме формираме ќебапи. На набрашнета рака ги валкаме додека ги формираме и ги печеме на фестиво тавата, со премногу малку масло.
На тивко ги печеме превртувајќи ги неколку пати.
Готовите поруменети кебапи служете ги со кромид и сос по ваш вкус. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Odlicno izgledaat Nade.