Мешани печурки со свинско месо
1. Месото го ставаме да се динста во пилешки бујон. Нека повари, па штом гледаме дека се дели како кончиња, тогаш тргнете од оган.
2. На лажица путер запржуваме една главица кромид и чешне лукче. Стаклената боја ни кажува дека е готово, па ги додаваме мешаните печурки. Јас ги обожавам искрено. Ретко кога ги наоѓам свежи мешавини, но овие маринирани од тегла ми се омилени. Превртуваме да ги фати топлото ,и да се засушат од маринадата. Пред да се засушат целосно, го додаваме мевцето кое претходно го спремивме. Благо ги соединуваме и запржуваме на тивко.
3. На страна мешаме макување за крем сос за месо и печурки. Го разматуваме со 300 мл вода, па го прелеваме во тавата. Промешуваме и оставаме да се згусне. Откако е спремно, префрлете во тава.
Тавичкава е превкусна. Ве советувам да си земете и една чаша винце, ќе се насладите.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови