Марулата измијте ја и со раце искинете ја на парчиња.
Ставете ја во поголем длабок сад за салата.
Во садот додајте ја руколата, магдоносот и останатиот зеленчук исечен на коцки.
И моцарелата исечете ја на коцки и додајте ја во садот.
Во друг сад измешајте ги состојките од смесата за прелевање (количински колку ќе ставите зависи од вашиот вкус).
Со смесата прелејте ја салатата, посолете, убаво измешајте ја и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани