Месна корпа - скара во рерна
Украсен и истовремено вкусен декор за на маса...
Подготовка
Изрендајте го кромидот во меленото месо, додадете ги зачините, јајцето, водата и презлата. Убаво измесете/измешајте ја смесата.
Помало, длабоко калапче најпрво обложете го со тенки листови панцета на дното и странично во висина колку сметате дека ќе обложите мелено месо.
Врз неа распоредете го меленото месо, исто така по дното и по страните во иста дебелина, некаде околу 1 см или малку повеќе. Меленото месо треба да ја добие формата од садот во кој ќе се печи, односно да изгледа како сад откако ќе се испечи (да има длабина во средината и ѕидови по страните).
Одозгора со четче премачкајте го со маслиново масло и ставете го да се печи во загреана рерна од 190 Ц 10 мин, потоа намалете ја темпертурта на 170 Ц и печете уште 15 на мин. Печеното месо ќе испушта сок. Повремено на кратко отворете ја рерната и вртејќи го садот разлевајте ја на секаде течноста.
Кога е готово, оставете го кратко време да излади, ако е потребно, со нож малку одделете го од ивиците и префрлете го на чинија.
Додека се печи месото, сварете го оризот во зовриена посолена вода да се вари (15 мин). Исцедете го и дел ставете врз чинијата на која ќе го сервирате месото, порамнете и врз него ставете ја испечената месна корпа. Во длабнатината ставете најпрво ситно секани пиперка и домат и ливчињата свеж спанаќ. Врз нив ставете го оризот кој сте го одделиле. Одозгора нарендајте морков и украсете. Течноста која ви останала во калапот/садот во кој се печеше месото истурете ја одозгора насекаде.
Ако немате панцета, наместо неа садот добро намастете и набрашнете го или пак премачкајте го обилно со маргарин и ставете презла.
Лиценца: Сите права се задржани
PREKRASNO