Меки кифлички
Кифличките се рецепт од мојата драга колешка Жаклина. Решив да ги пробам овие кифлички и не згрешив, бидејки и вториот и третиот ден се меки и воздушести. Ги направив неколку пати немајки кисело млеко, замена ставав јогурт или само јогурт наместо млеко и секогаш излегуваа перфектни. Отсега секогаш ќе бидат на нашата трпеза. Фала Жаки.
Во длабок сад се става киселото млеко, млекото, шеќерот,солта,маслото и надојдениот квасец (јас никогаш не го стасувам). Се додава брашното и се замесува глатко тесто кое се остава 30 мин да одмори. Се земаат топчиња колку јајце и се сука едно топче како чинивче од кафе се премачкува со маргарин, па друго топче ....така 4 топчиња и се остава да се одмори.Се повторува постапката и со другите теста.Потоа се сука една голема кора и се прават кифлички. Испробував и некоја форма на кифли каде се зема две сукалца и се виткаат како полжав се ставаат една до друга и се сечат со ножици....се гледа на сликите.
Откако ќе се направат кифличките се премачкуваат со јајце и сусам и се пеќат на 200С-25мин.Наздравје!
Лиценца: Сите права се задржани