1. Кора. Јајцата и 100 г шеќер ги матиме со миксер додека не се растопи шеќерот. Ги додаваме брашното, пецивото, оревите, кокосот,  маслото и промешуваме ја смесата. Ја нанесуваме во тава бр 32 обложена со хартија и ја печеме 30 минути на 180 степени. Готовата кора треба да се излади, се вади од тавата,  ја отстрануваме хартијата и го враќаме во тавата.
2. Шербет. Водата, шеќерот и ванилинот ги вариме 5 минути. Со подизладениот шербет ја преливаме кората. Оставаме да ја впие шербетот и да се излади.
3. Крем. Шеќерот и 400 мл млеко ги зовриваме , а пудингот го додаваме во сад со преостанатото млеко и мешаме со жица. Потоа го додаваме во зовриеното млеко и па мешаме со жицата. Откако пудингот ќе ја добие потребната густина го тргаме на страна. Во подизладениот пудинг го додаваме путерот и мешаме додека не се растопи.
4. Топлиот крем го нанесуваме на изладениот колач и ја ставаме тавата во фрижидер. Изладениот колач го сечеме на коцки.

Забелешка. - Меките ванила коцки ги правив ви округла тава бр 32, но правилно да биде зготвено во правоаголна тава бр 32. )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани