12
апр
2021
Мека солена кростата
1. Изматете ги густо јајцата. Намалете ја брзината на миксерот и постепено додавајте ги течните состојки, па пецивото и брашното измешано со солта.
2. Намастете калап за кростата и набрашнете го, па истурете ја смесата во него. Печете 20-30 мин на 160 С.
3. Извадете ја печената кростата од калапот на решетка кога малку ќе подолади и оставете ја да излади убаво.
4. Потоа премачкајте ја со крем сирењето и врз него наредете доматчиња, листови валеријана или босилек, моцарела и по некое маслинче. Поросете одозгора со италијански зачин и малку сол врз доматите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови