Испечати

Мека солена кростата

Мека солена кростата

Состојки

  • 3 јајца
  • 100 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 180 гр брашно
  • 1 пакетче прашок за печење
  • 1 рамно лажиче сол
  • Фил
  • 250 гр крем сирење
  • 1 домат или неколку шери доматчиња
  • 4 парчиња моцарела
  • мал грст валеријана или босилек
  • 1/2 лажиче италијански зачин

Подготовка

1. Изматете ги густо јајцата. Намалете ја брзината на миксерот и постепено додавајте ги течните состојки, па пецивото и брашното измешано со солта.

2. Намастете калап за кростата и набрашнете го, па истурете ја смесата во него. Печете 20-30 мин на 160 С.
3. Извадете ја печената кростата од калапот на решетка кога малку ќе подолади и оставете ја да излади убаво.
4. Потоа премачкајте ја со крем сирењето и врз него наредете доматчиња, листови валеријана или босилек, моцарела и по некое маслинче. Поросете одозгора со италијански зачин и малку сол врз доматите.