Ем вкусни, ем мирисни, ем лични.
1.Во длабок сад се мешаат сувите состојки.Се додаваат течните и се замесува мазно, средно меко тесто.Го оставаме малку да одмори во фрижидер.
2.На хартија или намрсена подлога се отвора кора со дебелина од пола сантим и се вадат саканите форми.
3.Се печат во загеана рерна на 180-200 степени околу 12 мин. или зависно од рерната, долниот раб треба да порумени.
4.Ладни се декорираат.
5.Белката се мати со вилушка, постепено додавајќи од шеќерот.На крај малку лимонов сок, за да се регулира густината.
Се дели во чинивчиња, се додава бојата, се меша, се става во најлонче, му се сечи врвот и се работи.
Нека се исуши глазурата и се собираат во кутија со капак.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови