Кога имаме полуготови производи за подготовка на колачи и мафини, како и готов фондан, на нас останува само да ја вклучиме фантазијата и да создадеме некоја наша креација.

Подготовка
1. Сувото грозје го потопуваме во рум.
2. Ја вклучуваме рерната да ни се загрее.
3. Ја подготвуваме смесата за мафини според упатството на кутијата.
4. Откако сме ја соединиле смесата со миксер го додаваме сувото грозје и какао лушпите. Соединуваме.
5. Смесата ја распоредуваме во хартиените корпи за мафини кои ги има во пакувањето.
6. Ги печеме мафините, па ги оставаме да се изладат.
7. Од Фантазија фонданите создаваме креации со кои ги украсуваме мафините.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани