Испечати

Мафини со суво грозје украсени со фондан

Мафини со суво грозје украсени со фондан

Состојки

  • 1 пакување Фантазија мешавина за чоко мафини со какао лушпи
  • 100 гр бело суво грозје
  • 50 мл рум
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка морско оревче
  • 1/2 лажичка мелено каранфилче
  • За украсување
  • Фантазија шарени трошки
  • 1 Фантазија бел фондан
  • 1 Фантазија розев фондан
  • 1 Фантазија син фондан

Подготовка

Кога имаме полуготови производи за подготовка на колачи и мафини, како и готов фондан, на нас останува само да ја вклучиме фантазијата и да создадеме некоја наша креација.

Подготовка
1. Сувото грозје го потопуваме во рум.
2. Ја вклучуваме рерната да ни се загрее.
3. Ја подготвуваме смесата за мафини според упатството на кутијата.
4. Откако сме ја соединиле смесата со миксер го додаваме сувото грозје и какао лушпите. Соединуваме.
5. Смесата ја распоредуваме во хартиените корпи за мафини кои ги има во пакувањето.
6. Ги печеме мафините, па ги оставаме да се изладат.
7. Од Фантазија фонданите создаваме креации со кои ги украсуваме мафините.