Многу вкусни, брзи мафини за доручек или вечера.

Прво се матат јајцата со солта, може да се користи и Хималајска сол или црна сол, па се додаваат јогуртот маслото.
Убаво се промешува па се додаваат останатите состојки.
Се полнат хартиени кошнички за мафини, или смесата се истура во силиконски калапи за мафини и се печат околу 30-40 минути на 180 степени.
Одлично одговараат со чаша јогурт или кисело млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани