Убави и декоративни мафини. Подготовката е следна
1. Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрева додека го подготвувате тестото.

2. Во подлабок сад со жица за матење разматете ги јајцата со половина лажичка сол. Додајте го маслото и јогуртот и повторно промешајте. Во течноста постепено додавајте ги белото и пченкарното брашно и пециво. Изедначете ја смесата и во садот додајте ја сланината исечена на помали коцки и чери доматчињата пресечени на половина. Во садот додадете и 2 големи лажици пармезан.

3. Тавата за мафини обложете ја со хартиени корпи и полнете ги мафините. Од горната страна наросете ги повторно со рендан пармезан и печете ги околу 25 минути, односно додека не заруменат. Од оваа доза излегуваат 12 мафини.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови