Мафини од тестенини
Сварете ги макароните, исцедете ги и претурете ги во подлабок сад.
Изрендајте ја саламата и кашкавалот, додадете ги зачините и промешајте.
Настрана изматете ги јајцата со јогуртот и додадете ги во макароните. Убаво измешајте.
Калапите за мафини намастете ги и со црпакла полнете ги до горе.
Премачкајте ги со јогурт одозгора и нарендајте малку кашкавал. Во средината ставете кругче зелена масликна за декорација.
Печете на 200 степени околу 15на мин. Оставете да оладат доволно за да можи да се извадат од калапите. Можи да ги послужите со чаша јогурт или како ви е желба.
Во составот спрема желба можи да додадете и уште едно јајце и сирење како предлог. Ние сакавме да не потсетуваат во вкусот на пица, но без кечап.
Лиценца: Сите права се задржани
Malku brasno vo smesata da se napravi vo topcina, pa pohovani so jajca i prezla :))))
Sekoe na ceckalica i na masa :))))
Лили идејата ти е одлична, ама ти ја препуштам тебе дека сакаш да пржиш :))) За мене тоа е сложен процес, вака ми е полесно ;) А пржам само кога ме чека полн болјер жешка вода и дома тој ден сметај дека е “хотел промаја“ :)))
не ставив јогурт, туку маргарин 250 гр. мислам дека и со 200гр, ќе бидат супер.
а дека и вака беа супер, доказ беше што не остана ништо ;)