Сварете ги макароните, исцедете ги и претурете ги во подлабок сад.
Изрендајте ја саламата и кашкавалот, додадете ги зачините и промешајте.
Настрана изматете ги јајцата со јогуртот и додадете ги во макароните. Убаво измешајте.
Калапите за мафини намастете ги и со црпакла полнете ги до горе.
Премачкајте ги со јогурт одозгора и нарендајте малку кашкавал. Во средината ставете кругче зелена масликна за декорација.
Печете на 200 степени околу 15на мин. Оставете да оладат доволно за да можи да се извадат од калапите. Можи да ги послужите со чаша јогурт или како ви е желба.
Во составот спрема желба можи да додадете и уште едно јајце и сирење како предлог. Ние сакавме да не потсетуваат во вкусот на пица, но без кечап.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани