Направете прошетка во природата која знае многу да дарува., неизбежно е да се сретнете со шипките, наполнете ги кошниците, ќе се вратите задоволни ....
За мене највкусниот мармалад, можеби затоа што тешко се спрема.

Подготовка
1. На измиените шипки одстранети им ги црните капички, оставете ги на чаршав неколку дена да омекнат (да гнијат).
2. Откако добро омекнале, ставете ги во погоемо тенџере, облијте со вода и варете додека добро не омекнат. Пропоасирајте ги преку пресата.
3. Не фрлајте го остатокот од пасираните шипки, вратете ги во тенџерето и повторно залијте со вода, нека повторно проврие, но пазете да не ви загори. Оваа постапка за да се добро испасира се што е убавото во шипката. Повторно испасирајте, а притоа помагајте си со топлата вода за да добро се испасира.
4. Целиот сок кој сте го добиле повторно го прецедете преку пресата, а потоа преку газа.
5. Ставете го вака прецедениот сок во тенџерето и варете притоа стално бркајки го за да не ви загори, тоа не смее да се случи. Варејки го сокот кога ќе дојде до половина од целокупната количина, ставете го шеќерот и продолжете да варите и продолжете да бркате. Густината проверувајте ја стално ставајки на тацна од мармаладот, па кога со лажицата ке поминете преку оладениот мармалад ако се направи како што велиме ние - „Пат“- мармаладот е готов.

Повторно да напоменам, не смеете да дозволите да ви загори мармаладот, што значи нема да се тргнете од него откако го ставите да се вари.
Вкупната количина на сок е околу 14 л. на кои се става 5 кгр. шеќер, а мармалад ке добиете околу 10 кгр.
Јас сум сигурна дека многу знаат и за тоа дека нашите мајки на крајот кога сметаа дека мармаладот е готов ќе ставеа во тенџерето угрејана маша (жар угрејана), ќе ја ставеа во тенџерето, кога ќе престане да цврчи, ќе ја извадат и се трга мармаладот, готов е. Усвитената маша ја ставаа поради посебниот шмек кој го добива мармаладот. Кога правам ваков мармалад јас настојувам да го правам токму вака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани