
Мариниран џигер со моркови
Црниот џигер убаво го миеме и го сецкаме на парченца.
 Го полеваме со млеко и наросуваме црн бибер.
 Додаваме мешан зачин и  попрскуваме босилек.
 Убаво промешуваме и оставаме да постои околу еден час.
 На страна ситно го сецкаме кромидот и морковот.
 ( јас искористив сецко, па ми испадна подеднакво ситно сецкано )
 Го ставаме кромидот и морковот да се пропржат.
 Промешуваме и кога веќе кромидот е малку омекнат го додаваме
 маринираниот џигер.
 Пржиме додека џигерот не се стегне и запржи.
 Промешуваме повремено.
 Потоа додаваме сол и полеваме со топла вода.
 Оставаме да крчка околу 10 минутки.
 Течноста делумично ќе испари.
 Џигерот ќе го пробате дали е готов, сецкајќи го....
 Треба да е мек поради млекото.
 Вака приготвениот ручек е омилен на мојата трпеза.
 На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови


























