Мали пити
Поделете ги корите на 3 дела од по 7 кори. Спремете го филот компактно мешајќи ги убаво издробеното сирење, јајцата, павлаката, маслото и минералната вода. Ако користите урда додадете сол доколку сметате дека нема да е доволно солено.
Првата кора ставете ја на парче фолија премачкана со масло и тенко премачкајте ја со предходно спремениот фил. Врз неа ставете ја втората кора и повторете ја постапката со филот, како и со преостанатите 5 кори филовајќи и редејќи ги една врз друга.
Вака филоваите кори (кои се вкупно 7) свиткајте ги во ролат и оставете ги во замрзнувач половина час да се стегнат.
Истата постапка повторете ја и со преостанатите 2 купчиња од по 7 кори.
Замрзнатите ролати сечете ги со дебелина од 1-2 см, спрема желба колку сакате да ви бидат дебели. Рецептот по кој јас се раководев налага на 3 см, но сметам дека така се предебели. Можеби и по сликите ќе приметите ги има и такви и такви.
Сечените парчиња странично наредете ги во плех предходно обложен со хартија за печење, премачкајте ги со разматената жолчка и малку млеко и посипете ги со сусам.
Печете околу половина час на 200 степени.
Забелешка
Доколку не сакате веднаш да ја печете цела количина, исечените парчиња пита наредете ги на послужавник, замрзнете ги, па спаковајте ги во кеса. Чувајте ги замрзнати до следната прилика за печење. Не треба да се одмрзнуваат, само премачкајте ги со јајцето, посипете сусам и печете. Ова секако ќе и се допадни на ЛилиН )))
Лиценца: Сите права се задржани
Мајушка, навистина начекав добро кори и на изглед и на работа, но не ме задоволија баш во вкусот... веројатно, брашното не беше мој тип, или можеби беше мешано со интегрално или некој дриг тип (додека беа топли можев да го намирисам). :) Баш мислев следниот пат да прашам.
Фала ти за убавата сликичка, се надевам дека ви се допаднаа-поздрав! :)