2
јул
2013
Макарони со шунка и бешамел сос
Макароните се варат според упатството на кесичката.
Бешамел сосот се прави така што се става маслото во тава во него се додава брашното малку се пропржува и во него постепено се додава млекото и се вари околу 3-5 минути додека малку да се згусне.
Од како сосот ќе биде готов се трга од оган и во него се додаат зачините и се става и кашкавалот да се растопи.
Веќе сварените макарони се ставаат во тава и во нив се става исецкана шунка, се промешува и врз сето тоа се посипува бешамел сосот.
Се става во загреана рерна за да се потпече се додека да зарумени горниот слој.
Лиценца: Сите права се задржани