Испечати

Макарони со шунка и бешамел сос

Макарони со шунка и бешамел сос

Состојки

  • 400 гр. макарони
  • 150 гр. шунка
  • 150 гр. кашкавал
  • Бешамел сос
  • 2-3 лаж. масло
  • 2 лаж. брашно
  • 400 мл. млеко
  • малку сол, бибер, оригано и др. зачин по желба

Подготовка

Макароните се варат според упатството на кесичката.

Бешамел сосот се прави така што се става маслото во тава во него се додава брашното малку се пропржува  и во него постепено се додава млекото и се вари околу 3-5 минути додека малку да се згусне.
Од како сосот ќе биде готов се трга од оган и во него се додаат зачините и се става и кашкавалот да се растопи.
Веќе сварените макарони се ставаат во тава и во нив се става исецкана шунка, се промешува и врз сето тоа се посипува бешамел сосот.
Се става во загреана рерна за да се потпече се додека да зарумени горниот слој.