
8
јул
2013
Макало од пиперки и таан
Печените пиперки исечете ги на поситни парчиња и ставете ги во блендер заедно со таанот, солта, исецканите и малку истолчени претходно лукчиња и додадете 1 до 2 лажици маслиново масло. Сето тоа блендирајте го додека не добиете мазна и хомогена смеса. Имате готов намаз идеален за летниов период како прилог со јадења или намаз на топол домашен леб со добро парче сирење и домат. Уживајте.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
феноменално!
ајде сега сите тишина и да зјапате во моето лажиче :) :) :) :)
ова и младунче и потомство го јадат го луди, дека нема на кого да се луди, знаеш :) :) :) :)