Испечати

Макало од пиперки и таан

Макало од пиперки и таан

Состојки

  • 30тина печени пиперки
  • 2 големи лажици таан
  • 4-5 лукчиња
  • 1-2 лажици маслиново масло

Подготовка

Печените пиперки исечете ги на поситни парчиња и ставете ги во блендер заедно со таанот, солта, исецканите и малку истолчени претходно лукчиња и додадете 1 до 2 лажици маслиново масло. Сето тоа блендирајте го додека не добиете мазна и хомогена смеса. Имате готов намаз идеален за летниов период како прилог со јадења или намаз на топол домашен леб со добро парче сирење и домат. Уживајте.
Добар апетит!