Напиток која на многумина им е познат од германските Божиќни панаѓури. Името можеби звучи како волшебна напивка, ама пак на некој начин, навистина е така -). Кога се во прашање студени нозе и раце, или суво грло, ништо друго не помага подобро од овој пијалок. Јас ја нарекувам топла чоколада за возрасни -)

Подготовка
Млекото ставете го да се загрева. Во 6 лажици млеко ставете го шеќерот и какаото и измешајте убаво за да нема грутки. Ова смеса ставете ја во затопленото млеко и со повремено мешање оставете млекото да зоврие. Тргнете на страна и додадете го алкохолот. Сервирајте топло во чаши и одозгора ставете изматена шлаг пена. Украсете по желба.

Забелешка
За безалкохолна верзија, едноставно количината на алкохол заменете ја со млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани