Мали слатки лубеници
Кексот се меле и се меша со шеќерот и кокосот. Кон сувите состојки се додава изматениот маргарин и се замесува смеса колку да се зафати.
Смесата се дели на три дела. Две третини од смесата се замесуваат со сокот од јагоди во кој е ставен и екстрактот, а едната третина се замесува со шербетче во кое е растворана зелена боја.
Се зема од црвената смеса и се оформуваат околу 10-12 топчиња
Од зелената смеса се сука коричка потенка и се сечат парчиња доволно големи да се обвитка црвеното топче.
Така подготвени се ставаат во фрижидер да одстојат околу 2 часа.
Одкако ќе се извадат од фрижидер со остар нож топчињата се сечат на 4 до 6 парчиња и се добиваат резанки од лубенички. Се доставаат семенки-точки од црното чоколадо .
Доста се интересни особено за детски родендени .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
aleksovska za oko bas i ne gi fativ najubavite zosto okolu celata guzva so decinjata izumiv::)