22
мар
2013
Лосос во рерна со зачини
1. Лососот се мие, од двете страни ставаме маслиниво масло.
2. Го ставаме во стаклен сад за печење. Врз лососот ставаме сол, црн бибер, рузмарин. Лимонот го сецкаме на тркалца. Лукот го сецкаме. Врз лососот ги ставаме и тркалца од лимон, исецканиот лук и го полеваме со бело вино.
3. Пачеме на температура од 180 степени, најпрвин покриен со фолија, а потоа ја отстрануваме фолијата да се потпече. Се печи околу 40 тина минути.
Лиценца: Сите права се задржани