1. Се делат жолчките од белките.
2. Со миксер се уработуват жолчките со 10 лажици шеќер, откако се уработат се додаваат млекото и зејтинот, повторно се работи со миксерот потоа се додава брашното измешано со пецивото и какаото.
3. Се излива во плекче бр.28 и се пече во предходно загреана рерна.
4. Додека се пече се работи белката со 15 лажици шеќер во шам-беланец.
5. Откако е испечен пандишпанот, се вади од рерната се премачкува со неколку лажици загреан мармалад или мед, па се нанесува беланецот. Се израмнува и се посипува со сецкани ореви.
6. Се враќа во рерната на која веке е намалена температурата и тоа колку да фати кора.

Напомена- во самиот пандишпан исто така можете да ставете оревчиња доколку ги имате. Кога ќе се испече пандишпанот намалете ја веднаш температурата на рерната. Доколку е јака температурата беланецот бргу ќе ви карамелизира одозгора и ќе изгори оревот, истиот ќе ја изгуби и формата - како што велам јас - брда и долини. Доколку го исопчитувате рецептот - ќе имате прекрасен колач кој за жал има една маана - го снемува на брзина.
Јас имам и друго име за ово колач - Нашки Лондонски колач!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани