Лондонски колач
1. Се делат жолчките од белките.
2. Со миксер се уработуват жолчките со 10 лажици шеќер, откако се уработат се додаваат млекото и зејтинот, повторно се работи со миксерот потоа се додава брашното измешано со пецивото и какаото.
3. Се излива во плекче бр.28 и се пече во предходно загреана рерна.
4. Додека се пече се работи белката со 15 лажици шеќер во шам-беланец.
5. Откако е испечен пандишпанот, се вади од рерната се премачкува со неколку лажици загреан мармалад или мед, па се нанесува беланецот. Се израмнува и се посипува со сецкани ореви.
6. Се враќа во рерната на која веке е намалена температурата и тоа колку да фати кора.
Напомена- во самиот пандишпан исто така можете да ставете оревчиња доколку ги имате. Кога ќе се испече пандишпанот намалете ја веднаш температурата на рерната. Доколку е јака температурата беланецот бргу ќе ви карамелизира одозгора и ќе изгори оревот, истиот ќе ја изгуби и формата - како што велам јас - брда и долини. Доколку го исопчитувате рецептот - ќе имате прекрасен колач кој за жал има една маана - го снемува на брзина.
Јас имам и друго име за ово колач - Нашки Лондонски колач!
Лиценца: Сите права се задржани
Ај ќе ставам слика ако го правам.
А за мааната дека брзо го снемува,во право си.Рецептот го имаме од една наша комшивка.Отидовме кај неа на гости,арно ама куќата отворена,она не знам каде отишла,а на масата оставена тепсијата со ова чудо....ммммм,кога му се подсукавме со мајка ми :))))) што да ви кажувам,знаете понатаму.Среќа жената се врати брзо