![Лиснати полжавчиња со боровинки (посно)](https://moirecepti.mk/content/uploads/2019/07/DSCN8281-4d3d33-800x600.jpg)
15
јул
2019
Лиснати полжавчиња со боровинки (посно)
Иако составот е едноставен, за љубителите на боровинки ова е вистинско уживање.
Лиснатото тесто посипете го со кокосовиот шеќер.
Наредете ги одозгора боровинките и завиткајте во ролат.
Исечете на парчиња со дебелина по ваша желба.
Наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Печете на 200 степени, 25-30 минути, зависно од рерната.
Јас ги печев 25 минути.
Испечените полжавчиња оставете да се оладат, а потоа послужете ги посипани со шеќер во прав.