Иако составот е едноставен, за љубителите на боровинки ова е вистинско уживање.

Лиснатото тесто посипете го со кокосовиот шеќер.
Наредете ги одозгора боровинките и завиткајте во ролат.

Исечете на парчиња со дебелина по ваша желба.

Наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете на 200 степени, 25-30 минути, зависно од рерната.
Јас ги печев 25 минути.

Испечените полжавчиња оставете да се оладат, а потоа послужете ги посипани со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани