8
фев
2021
Лисната пита со тиквички
1. Лиснатото тесто треба да е убаво одмрзнато и потоа се сука тенка кора со големина на тавата во која се пече(тава за тарт или пица бр 28).
2. Тиквичката ја лупиме и ја рендаме и заедно со ситно исецканото кромидче кратко ја динстаме во сопствената течност и кратко запржуваме со многу малку масло.
3. Лиснатото тесто кое сме го расукале во тавата на неколку места го боцкаме со вилушка и врз него ја ставаме тиквичката. Одозгора го рониме фета сирењето. Јајцата ги матиме, го додаваме јогуртот и со тоа ја полеваме питата.
4. Печеме во загреана рерна на 200 С половина час.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови