Лисната пита со спанаќ
Од сите состојки за тестото замесете меко тесто и оставете го да одмори 15 минути. Потоа поделете го на 2 дела, едниот малку поголем.
Прво развијте го поголемиот дел во тенка кора и премачкајте ја со 100 гр маргарин. Кората се засекува зракасто, но не до центарот и се преклопуваат парчињата едно преку друго да се добие кружна форма со повеќе слоеви. Вака спремената кора ставете ја во фрижидер.
Повторете ја постапката и со втората кора и оставете ги околу 30 минути во фрижидер.
Во меѓувреме подгответе го филот.
Спанаќот исечкајте го и ставете го во загреана тава со малку масло малку да се издинста. Кога е готов тргнете го од огнот, додадете го издробеното сирење, јајцата и посолете ако има потреба.
Земете ја првата кора и расукајте ја правоаголно, малку поголема од плехот каде ќе печете, и ставете ја во подмачканиот плех. Ставете го филот рамномерно по целата површина. Потоа расукајте ја втората кора и ставете ја одозгора. Од крајчињата на првата кора направете витка и исечете ја питата на парчиња.
Се пече во загреана рерна на 250 степени околу 5 минути, а потоа се намалува на 220 и се пече додека не порумени.
Пријатен апетит!
Количеството е за голем плех од рерна.
Лиценца: Сите права се задржани
Малку оф топик (извини што ќе го искористам твојот рецепт, но последен излезен е).
И за МР и за сите вас ... проверете си ја странава http://www.zajenata.bg/recepti.html
имаат премногу (ПРЕМНОГУ) рецепти земено од сите нас, преведени, скратени слики без потпис и лого и поставени како нивни.
А за бугарскиов сајт мислам дека треба од Мои Рецепти да интервенираат зошто има многу, многу наши рецепти. Дури и потпишани фотографии има.
Сега видов дека сум испуштила да напишам дека откако ќе се исече, по сите краеви се става по малку од останатиот маргарин.
Инаку може да се искомбинира маргарин со маст, мене така ми е најубава :)