Лисната погача со изварка и спанаќ
Оваа погача се топи в уста, толку е мека и миризлива, како да јадете кифлички. Рецептот го позајмив од мајка ми, само нејзината беше со сирење, јас ја адаптирав во зајрето бидејки обожавам спанаќ.
Постапка
Во подлабок сад растворете го квасецот во млекото со шеќерот.
Додадете ги постепено останатите состојки освен брашното и изматете ги кратко со миксер колку да се соединат.
Постепено додавајте го брашното и матете со миксерот со маталките за тесто. Кога ќе се соедини смесата, замесете го тестото со рака. Можи ќе ви биде лепливо, јас имав потреба од уште 1 лажица брашно. Обликувајте топка, покриете го со најлон фолија и оставете го на топло да нарасте околу 1 час.
Филот припремете го со едноставно сечкање на чистиот спанаќ и мешање со изварката. Посолете ако не е доволно солена изварката.
После 1 час, пренесете го тестото на набрашнета површина и поделете го на 4 дела.
Секој дел раширете го во правоаголнеста форма со дебелина на малиот прст и премачкајте ја со омекнатиот путер и додадете 1/3 од филот.
Повторете ја постапката и со следните 2 кори, редете ги една врз друга, а последната не ја премачкувајте со ништо.
Од сите дела, раширете една поголема правоаголнеста кора со должина околу 30 цм, а висина околу 20 цм.
Сечете ја кората на 6 ленти.
Секоја кора (почнете од средните) засучете ја спирално и ставете ја во форма на спирала во кружно тавче 24 цм. Тавчето треба да биде намастено, моето не беше зашто Делимано коперлукс нема потреба да се намастува. Редете ги сите кори на ист начин како што редите мазник.
Премачкајте со жолчка растворена со малку млеко, а одозгора нанесете малку растопен путер, наросете сусам и покриете ја со најлон фолија да постои уште 30тина минути.
Ставете да се печи во незагреана рерна на 180 степени околу 40 минути.
После печење, оставете ја да одмори 10тина минути, потоа може да ја послужите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови