Лиснат десерт со цреши
Ова не е некој посебен рецепт, го направив од она што имав во фрижидер, ама излезе вистински освежителен.
Од лиснатото тесто со чаша извадете кругови.
Половина од круговите ставете ги во плех за печење обложен со хартија.
Другите кругови лиснато пресечете ги со помала чаша на средината и ставете ги по едно врз секој цел круг лиснато.
На средината избоцкајте ги со вилушка на неколку места, премачкајте ги со разматено јајце и ставете ги да се печат на 180 степени, додека поруменат.
Во меѓувреме подгответе го кремот
На црешите отстранете им ги семките и исецкајте ги на парчиња.
Додајте го шеќерот во прав и измешајте.
Потоа додајте го маскарпонето и убаво соединете ја смесата.
Откако лиснатото ќе се испече оставете го да се олади, а потоа наполнете ги со подготвениот крем.
Оставете ги малку во фрижидер, за да се подолади кремот и ке имате вистинско летно слатко освежување.
Лиценца: Сите права се задржани