Линцер тарт
Подготовка
1. Путерот изматете го со шеќерот. Додадете го јајцето и жолчката и изматете. Потоа додадете ги брашното, ванилата, циметот, мелените лешници, бадемовото брашно, пецивото и солта и измешајте добро.
2. Поделете го добиеното тесто на два нееднакви дела - едниот нека биде поголем од другиот. Завиткајте ги во најлонска фолија и ставете ги во фрижидер најмалку 2 часа.
3. Малините одмрзнете ги. Потоа измешајте ги со водата и изблендирајте ги. Одвојте 4-5 лажици од пирето од малини во помал сад, а останатото пире ставете го во тенџере на оган за зоврите. Во садот со пире од малини додајте го густинот и шеќерот и измешајте. Потоа додајте ја смесата кај зовриеното пире од малини. Гответе со постојано мешање неколку минути (додека да згусне смесата). Оставете да се олади.
4. Поголемото тесто извадете го од фрижидер и на убаво набрашнета површина расукајте кора со дебелина од околу 5-6мм. Доколку е премногу меко ставете го 5 минутки во замрзнувач. Распоредете ја кората преку калап за тарт (23цм). Вишокот тесто отстранете го. Потоа распоредете го филот од малини и израмнете.
5. Извадете го помалиот дел од тестото и расукајте кора. Исечете ленти со дебелина по желба и наредете ги врз филот.
6. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути. Оставете да се олади пред да го сечете.
Тартот е исклучително вкусен. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани