Линцер торта
Некои мислат дека е именувана по австрискиот град Линц, додека други мислат дека го носи името на слаткарот кој ја дизајнирал. Како и да е, денес, тортата линцер е еден од омилените десерти ширум светот, а има гласини дека најстарата зачувана верзија на рецептот за овој славен десерт датира од 1653 година и дека е напишан од грофица од Верона, додека во Римската империја била позната многу слична торта.
Бидејќи не е познато кога и каде точно е напишана првата верзија на овој рецепт, има простор за имагинација и создавање легенди ...
Рецептот за оваа торта доби важност на почетокот на 19 век, а до Америка не стигна до средината на векот. Се карактеризира со автентичен вкус како резултат на мешавината од бадеми, путер, кора од лимон и џемот од рибизла. Со текот на времето рецептот се менувал, па готвачите користеа џем од малина наместо џем од рибизла. Готвачите мораа да бидат многу вешти во правењето решетка од тесто која ќе му даде автентичен изглед на тортата Линцер. Денес има многу верзии на оваа торта, има дури и колачи од Линцер.
Линцер тортата најдобро е да се јаде по два или три дена од правењето, кога тестото ќе омекне, а советот за оние кои се помалку трпеливи е да го завиткаат топло во фолија за да омекне побрзо.
Денес, најсличен десерт на Линцер тортата е овошниот тарт.
За оваа торта јас искористив сливи и слатко од боровинки, а вие можи да го ставите вашето омилено слатко.
Подготовка
Измешајте ги сите суви состојки (без презлата), па додадете го јајцето и ладниот путер исечкан на коцки. Замесете мазно тесто, завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер еден час.
Исечканите сливи запржете ги со шеќерот додека не испари течноста.
Калапот за тортата премачкајте го со стопен путер, посипете го со презла и раширете две третини од тестото на дното и страните на калапот. Тестото избодете го со вилушка и нанесете ги сливите па слаткото од боровинки.
Расукајте ја преостанатата третина од тестото, исечете ја на ленти и направете решетка на површината на тортата по ваша замисла.
Печете прво на 200, а потоа на 180 степени околу 40 минути.
На крајот, советот е да ја оставите да стои неколку дена, бидејќи само така може да се доживее нејзиниот целосен вкус иако кај мене тешко останува и два дена.
И за крај, праќам најсрдечни честитки за 10тиот роденден на Делимано, посакувам уште многу успешни години работа, среќна сум што сум дел од оваа прекрасна приказна!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови