Лингвини со сос од шампињони и радикио
Пред да почнам да го пишувам рецептот ќе напомнам дека не знам кој е точниот
македонски назив за радикио. Го има во црвена-виолетова , и шарена боја и е со горчлив вкус.
Имам сознанија од пред некоја година дека го имало и во Македонија во еден од поголемите маркети.
Прикачив и слика како изгледа.
1. Во солена зовриена вода ставете ги лингвините да се варат.
2. Во тава на оган ставете ги шампињоните исечени на листови, сецканиот лук и сосема малку маслиново масло. Откако ќе почнат да се запржуваат додајте 1 помала црпалка од водата во која се вари пастата. Оставете да се динстаат на тивок оган. Откако водата ќе биде скоро испарена додајте го радикиото исечено на резанки(треба кратко да биде на оган). Додајте го путерот и измешајте за да се растопи путерот.
3. Тргнете ја тавата од оган и додајте ја сварената и исцедена паста. Додајте ја крем павлаката за готвење, магдоносот и малку повеќе црн бибер. Измешајте убаво и сервирајте со листови грана сирење и никулци во мојот случај.
Лиценца: Сите права се задржани