Испечати

Лингвини со сос од шампињони и радикио

Лингвини со сос од шампињони и радикио

Состојки

  • 250гр. паста лингвини
  • Сос
  • 230гр. свежи шампињони
  • 2 мали главици црвено-вилетово радикио
  • 2 чешниња лук
  • 200мл. кремаста неутрална павлака за готвење
  • 2 лажици малку подомекнат путер
  • 2 лажици сецкан свеж магдонос
  • по потреба сол и црн бибер
  • За сервирање
  • по потреба тенки листови грана сирење
  • по вкус никулци

Подготовка

Пред да почнам да го пишувам рецептот ќе напомнам дека не знам кој е точниот
македонски назив за радикио. Го има во црвена-виолетова , и шарена боја и е со горчлив вкус.
Имам сознанија од пред некоја година дека го имало и во Македонија во еден од поголемите маркети.
Прикачив и слика како изгледа.

1. Во солена зовриена вода ставете ги лингвините да се варат.

2. Во тава на оган ставете ги шампињоните исечени на листови, сецканиот лук и сосема малку маслиново масло. Откако ќе почнат да се запржуваат додајте 1 помала црпалка од водата во која се вари пастата. Оставете да се динстаат на тивок оган. Откако водата ќе биде скоро испарена додајте го радикиото исечено на резанки(треба кратко да биде на оган). Додајте го путерот и измешајте за да се растопи путерот.

3. Тргнете ја тавата од оган и додајте ја сварената и исцедена паста. Додајте ја крем павлаката за готвење, магдоносот и малку повеќе црн бибер. Измешајте убаво и сервирајте со листови грана сирење и никулци во мојот случај.